Метеж на граничниот премин „Кафасан“, патниците со часови чекаат за влез во Албанија: „И на Стража е ужасно, ама ова е пекол“

На граничниот премин „Ќафасан“ за влез во Албанија, денеска бил забележан огромен метеж, а нервозните граѓани упатувале и пцовки како и нервозни свирежи од автомобилите.

Патниците кои што сакаат продолжениот викенд да го поминат во Албанија, поради тоа што на македонските граѓани само таму им е дозволено да летуваат без ПЦР тест, на граничниот премин чекаат со часови.

„Еден викенд е малку за вакво малтретирање. Се изнамачивме по пат, се возевме осум часа за да стигнеме до морето. И на Стража е ужасно, ама на границите пеколно“ -изјавила некоја патничка која утрово патувала кон Албанија.

Викендов илјадници македонски граѓани се упатија на плажите во Албанија, како место за релаксација, за разлика од претходни години кога сите патуваа во Грција.

Извор: „a1on.mk“

Translate »