Можат ли традиционалните медиуми да се заштитат од пропаѓање во ерата на интернет и социјални медиуми- Стојче Тасков

Интернетот овозможи промена на начинот на достава на информациите. Побрзо и поефикасно, дигиталните медиуми имаа шанса да пренесат новости и затоа станаа доминантна форма за пренос на информации.  Интернетот го загрози постоењето на пишаните медиуми и телевизиските информативни програми бидејќи обезбеди подобро корисничко искуство во кое можете да се информирате кога Вие сакате наспроти информирањето кога другите сакаат (вестите се во даден термин кој треба да го погодите, весниците се со 1 ден задоцнување и така натаму)

Следната голема промена која во моментов се случува а е овозможена од социјалните медиуми е прекинувањето на врската помеѓу изворот на информациите и  корисникот на информациите. Едноставно не ви треба никаков медиум за да слушнете што следно ќе каже претседателот Трамп. Тој сам ќе ви каже, директно. Се што треба да направите е да го вклучите во портфолиото извори на информации што ве интересираат и што сакате да ги следите. Де факто, Вие си правите сами уредувачка политика на содржините што се важни или интересни за вас и сакате да ги конзумирате.

Најсликовито иднината ќе изгледа вака. Исто како што една телевизија е само еден канал во рамките на интегрираната понуда на кабловскиот оператор, дигиталните медиуми ќе бидат само еден канал на социјалната платформа која корисникот ќе одлучи дали ќе ја вклучи “следи“ или нема да ја следи.Што за останатите медиуми, дали се загрозени? Апсолутно Не. Напротив ќе имаат многу повеќе работа. Како што веќе кажав не е важен каналот, типот на медиум, важна е кредибилноста на изворот на информации (независно за каков тип на медиум станува збор) Твитовите и постовите ќе се користат како “тизери“  за да предизвикаат дополнителна желба за одредена тема и истражување за изворот на информации. А корисниците ќе “бараат кредибилни извори на целосната информација“.

Ќе бараат експерти за таа тема. Бидејќи изворите на информации ќе се мултиплицираат до бесвест, ќе биде многу важно за корисникот да одлучи кому ќе му верува, кој ќе биде “ вклучен и следен“  а кој исклучен. Опасноста од бизнис перспектива е огромна бидејќи за разлика од порано, корисникот ниту има трошок ниту технички проблем да ве вклучи или исклучи од својата уредувачка политика за 1 секунда. Кога “cost of switching” е маргинализиран, Вие како медиум немате право на пауза и право на грешка. Вашата тема мора да ја покривате и први и целосно и без ефтини финти. Специјализираните и кредибилни медиуми ќе бидат многу успешни.

 

Translate »