Жената на “Џемс Бонд”: Не планирав да се мажам се додека не го сретнав Крејг
Рејчел Вајс (47) никогаш не планирала да се мажи се додека не го сретнала нејзиниот сопруг.Актерката вели дека вистинската љубов може да ви го промени ставот околу бракот. Токму тоа неа и се случило со сопругот Даниел Крејг.
Рејчел Вајс (47) стапи во брак со Даниел Крејг (49), односно актуелниот Џејмс Бонд, во 2011 година. Тие со години биле пријатели, а потоа се појавила љубов.
Актерката откри дека во младоста била многу независна и немала „амбиција“ никогаш да се омажи. Дури не обожавала да гледа ниту романтични филмови.
Но, љубовта со Даниел еден ден едноставно се случила и оттогаш сè се променило, откри таа во интервју за ES magazine.
За нивната романса вели:
„Тоа е многу лично и приватно. Не сметам дека нашата врска е нешто исклучително поинаква од оние на другите, единствената разлика е што двајцата сме во фокусот на јавноста. Но, никогаш не мислев да се омажам. Немав амбиција за брак. Токму спротивното. Не гледав романтични комедии затоа што ми изгледаше како бракот да е крајната цел во нив. Потоа едноставно се случи во време кога бев посериозна.“
Даниел и Рејчел биле пријатели пред да работат заедно на психолошкиот трилер „Dream House“ во 2010.
Глумејќи двојка на екраните, тие започнале и да се состануваат и по една година врска се венчале во Њујорк во 2011. Оттогаш огнено ја штитат приватноста на својата романса.
„Сега, носам прстен цело време. Го носам со гордост. Јас сум зафатена“, вели Рејчел чиј став околу бракот драстично се променил по запознавањето на љубовта на нејзиниот живот.