Русинка се породи во Црвено море, фотографиите станаа вирални
Фотографиите од русинката која се породи во Црвеното море во Египет станаа вирални. На нив се гледаат моментите од раѓањето на бебето на туристката.
Според информации до кои дојдоа египетските медиуми, Русинката се породила со помош на доктор кој специјализирал за раѓање во вода.
На фотографиите се гледа жена во бикини која излегува од морето, како и повозрасен маж кој го носи бебето со папочна врвца и сад во кој е плацентата.