Керим и Станисављева на распит во СЈО
Првите луѓе на пропаднатата МПМ Јана Станисављева и Срѓан Керим беа на распит во СЈО. Од специјалното обвинителство потврдуваат дека е отворена истражна постапка за случајот со МПМ, а директорите се осомничени за лажен стечај, злоупотреба на службената положба и овластувања и за злоутотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра.
Двајцата во СЈО беа одвоено, ги застапување ист бранител. Внатре се задржаа по половина час.
Станисављева ги игнорираше медиумите, а Керим кратко искоментира.
– “Ќе кажеме сѐ кога ќе дојде време”, изјави Керим.
И додека извори од од СЈО објаснуваат дека е отворен предмет за работењето на МПМ, адвокатот на поранешните директори Антонио Апостолски вели дека процесот е во предистражна постапка, доказите сеуште не им биле презентирани.
Во состав на МПМ беа дневни весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“. Со нивното затворање 100-тина новинари останаа без работа. По пријава од Синдикатот постапка за овој случај имаше отворено ОЈО, а подоцна надлежноста ја презеде СЈО.