НОВ ЗЕЛАНД ГО УКИНА КАРАНТИНОТ: ОКОЛУ 400.000 ЛУЃЕ СЕ ВРАТИЈА НА РАБОТА

Околу 400.000 жители на Нов Зеланд се вратија на работа утрово, откако премиерката Џасинда Ардерн го спушти нивото на опасност во земјата и го ублажи едно од најстрогите мерки на ограничување на движењето заради кое претпријатијата со недели не работеа.

Ардерн рече дека строгите мерки се исплатиле, но дека преминувањето на трето ниво на карантин „не значи укинување на социјалното дистанцирање, туку укинување на дистанцирањето од економијата“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ние сè уште треба да останеме во нашите домови, кој може, да работи или да се школуваме од дома. Избегнувајте патувања што не се неопходни”, им рече Ардерн на граѓаните.

Ниво 3 вклучува отворање училишта, граѓаните можат повторно да купат брза храна за носење, достапни се разни рекреативни активности, дозволени се свадби и погреби, но можат да се соберат до десет лица.

Според светските медиуми, од раните утрински часови долги колони автомобили стојат пред Мекдоналдс во Оукланд и Велингтон.

Владата на Нов Зеланд сега се соочува со предизвик повторно да ја придвижи економијата која зависи од трговијата и туризмот додека се приближуваат изборите во септември.

Пет милиони новозеланѓани беа под еден од најстрогите карантини, забележани се само 1.472 потврдени случаи на инфекција со коронавирус, вклучувајќи и 19 мртви, една од најмалите бројки во светот.

Translate »