Дуел во Бутел меѓу Шилегов и Костовски

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, денеска на пазарот во Бутел се сретна со кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

-Подобро за тебе ќе биде јас да победам. Верувај ми… Народот е убеден дека јас ќе победам и вие убаво знаете, очите ви зборуваат – рече Шилегов.

Костовски, пак, му одговори дека народот не мисли така и во тоа ќе се увери на 15 октомври.

Ако програма лаже, очи не лажат!

Денеска на пазарот во Бутел имав фина културна средба со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е што имавме прилика малку да го спуштиме тонот после инцидентите со кои што започна кампањата. Му реков дека ако програма лаже, очи не лажат.

Posted by Петре Шилегов on Saturday, September 30, 2017

Translate »