Каталонија во недела гласа за независност
Десет илјади луѓе со шпански знамиња денеска демонстрираа во Мадрид за единство на Шпанија спроти референдумот за незвисност на Каталонија, кој во недела ќе се одржи и покрај забраната. Демонстрантите се собраа на плоштадот во Мадрид на повик на конзервативната Фондација за заштита на унитарноста. Со шпански знамиња во рацете тие извикуваа Каталонија е дел од Шпанија.
Владејачката коалиција на Каталонија најави дека ќе прогласи независност во рок од 48 часа ако референдумскиот одговор биде позитивен.
Каталонија има околу 5,5 милиони регистрирани избирачи. Анкетите покажуваат дека поголемиот дел од населението е за референдум, но оти се поделени по прашањето за независност.