Анѓушев ја продава својата компанија “ЕДС”

Грчката национална компанија за производство на електрична енергија ППЦ (Паблик Пауер Корпорејшн) потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, дознава телевизија 24. Во пакет ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. ЕДС е една од водечките македонски компании за трговија со електрична енергија.

Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но дознаваме дека преносот на удели ќе се изведе согласно законите во РМ, со претходно обезбедено мислење на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа со годишни приходи од над 5 милијарди евра. ППЦ е во мнозинска сопственост на грчката влада.

Анѓушев најави дека ќе ја продаде ЕДС во октомври минатата година, за во иднина, како вицепремиер, да избегнува судир на интереси во работењето на компанијата.

 

Translate »