АЛЕКСАНДАР МАНЕВ, КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ: Заврши ерата на евтино задолжително осигурување

Пред неколку години Александар Манев го прифати предизвикот да биде на чело на Кроација осигурување, Друштво за неживотно осигурување во земјава. Благодарение на неговото долгогодишно деловно искуство и знаење, но и на одличната репутација и релации во деловните кругови, Кроација осигурување за краток период ја подобри својата пазарна позиција и имиџ.

Компанијата го зголеми бројот на клиенти, воведе иновации во работењето, ја исплати најголемата осигурителна штета досега исплатена од оваа компанија во нашата земја, изгради репутација на стабилна и компактна компанија во која секој поединец може да се развива и да гради успешна кариера.

Кроација Осигурување се наметна како сигурен и професионален осигурителен партнер на компаниите во Македонија, овозможувајќи им непречен раст и развој во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои значајно го погодуваат нивниот бизнис. За граѓаните понуди сигурност, која значително го подобрува квалитетот на нивниот живот.

Kроација осигурување како лидер на пазарот отвори многу прашања во нашето општество поврзани со осигурувањето, за прениската цена на авто осигурувањето, за скапите здравствени услуги во земјава, за останатите предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија. На тема како да се надминат овие предизвици во иднина, и зошто е важно осигурувањето разговараме со г. Александар Манев, Генерален Директор на Кроација Осигурување, Друштво за неживотно осигурување во земјава.

Фактор: Што е клучот за растот и развојот на Кроација осигурување во земјава?

Манев: Довербата е клучот! Додека персоналниот однос и почитта кон клиентите е она што дополнително прави разлика. Компанијата ја зголеми својата транспарентност и маркетинг активностите, ја покажа својата хумана страна поддржувајќи различни општествено одговорни проекти, ги задржа квалитетните вработени, но и привлече нови и амбициозни млади луѓе.

Се разбира поддршката од Групацијата е клучна алка во целиот овој процес на раст и развој овие години. Ги следиме и трендовите во осигурителниот бизнис, се трудиме да бидеме партнери и консултанти на своите клиенти, активно вклучени во нивниот развој и бизнис, да бидеме многу повеќе од само осигурителна компанија. Тоа направи разлика во овие години!

Фактор: Кои се предизвиците на индустријата?

Maнев: Осигурителната индустрија се соочува со низа предизвици кои веќе значително влијаат на целокупниот иден развој на оваа гранка. Цените на осигурување со години се непроменети и можам да кажам дека нашите граѓани имаат достапност за осигурување по најниски цени во регионот.

Посебно е ниска цената на авто осигурувањето која не е променета 15 години, а од друга страна растат цените на резервните делови и цените на услугите на сервисите. Тоа ја доведува во прашање издржливоста и оправданоста за осигурителните компании да го нудат овој продукт.

Исто така сакам да истакнам дека енормниот пораст на цените на здраствените услуги во услови на замрзнати цени на осигурителни продукти нѐ доведува во уште потешка позиција.

Актуелната економска состојба, инфлацијата дополнително влијаат на индустријата.

Како индустрија тешко може да планираме иден раст и развој, а истовремено да бидеме атрактивни за привлекување на талентирани млади луѓе.

poveke na

https://faktor.mk/intervju-aleksandar-manev-kroacija-osiguruvanje-zavrshi-erata-na-zadolzitelno-evtino-osiguruvanje–

Translate »