ЈОВАНОВИЌ ЗА ТВ 24: ПРОЕКТОТ „ТРЕНИНГ НА МАГАРЕ“ НЕПОТРЕБНО СЕ ВУЛГАРИЗИРАШЕ
Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ во емисијата 24 анализа рече дека Македонија е земјоделска земја и не сме буржуаска средина и затоа проектот од типот на тренинг на магаре беспотребно се вулгаризира.
Тој вели дека не се работи конкретно за магаре, туку идејата на проектот се работи за 70 дечиња и самата ЕУ и Еразмус политиката адресираат до самиот проект деца да се носат на обука сосе професорите во Хрватска и Грција. таму имаат инфраструктурни подрачја за одгледување на такви магариња од кои може да се добие млеко и се прави сирење.
„Проектот има конкретни цели и идеи. ЕУ поттикнува и мотивира да се работат такви проекти и самиот завршен проект кога ќе дојде ќе биде тоа млеко како финален производ. Кога ќе аплицираш со сложените апликации и да наведеш внатрешни и надворшени соработници, кој треба да земе пари, за што се наменети. Од 15 000 евра добиен грант реално можеш да заработиш хонорар од 6000, 12 000, 15 000 денари. Но, самата сума од 270 000 евра или 83 000 евра за магаре настануваат тие генерализации.“ – рече Јовановиќ.
Јовановиќ смета дека ако нешто не е транспарентно, ќе биде откриено. Тој е сигурен дека има ревизија во агенцијата и самите европски менаџери на проектите имаат свои ревизори.
„Таму од старт имаш подредени методологии и се дсефинираат што мора да е сработено, на пример во еден месец. Ако има малверзации и злоупотреби, институциите мора да реагираат.“ – вели Јовановиќ.
Јовановиќ смета дека ВМРО-ДПМНЕ ги користи сите скандали за дополнително да ги довулгаризира овие ситуации и става магаре пред владата, па го вулгаризира на пинови и свои портали и сака да профитира.