Мисајловски: Македонската историја не може да ја измени никој, Гоце Делчев е Македонец

Бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја. Националните интереси не се мала работа, ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во гостување на телевизијата Алфа.

– Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и загинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За револуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој не смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго –  вели Мисајловски.

Тој  потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бори за зачувување на македонската историја. Ниту една влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите револуционери живееле и загинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жалеле за слобода на својата земја Република Македонија.

Translate »