Вработените во Фени на протест

 

Дел од вработените во „Фени“, поддржани од Синдикатот, денес од 12 до 14 часот ќе го блокираат патот Прилеп – Градско, кај мотелот Дреново. Тие бараат исплата на октомвриската плата, а не им е исплатена и платата за месец ноември.

Вработените во петокот најавија дека ќе излезат на штрајк ако до денес напладне не им биде исплатена октовмриската плата.

Групата која се подготвувала за штрајк, неофицијално, утрово се сретнала со стечајниот управник Мирослав Анастасиевски од кого добиле најава дека плата ќе добијат во текот на неделава.

Претседателот на Синдикатот, Ѓоре Палитов, за денес најави прес-конференција на која ќе ги објасни следните чекори на Синдикатот.

Минатата недела, пак, група вработени во „Фени“ најавија дека ќе бараат смена на сегашното синдикално раководство за кое сметаат дека не ги застапува интересите на вработените.

Translate »