Како децата да ве запoмнат по добро!
Искуството и авантурите кога сте биле заедно.
Искуствата, а не работите, се она што го зближува семејството останува во главата. Затоа, вашето дете нема да се сеќава на секоја играчка што сте му ја купиле за роденден, туку ќе памти кога сте биле заедно на сладолед и таму сте се смееле тие ќе се сеќаваат на тоа време кога биле среќни и возбудени, бидејќи тоа се мисли што остануваат во целиот наш живот.
Позитивните зборови што им ги упативте.
Постојат многу добри работи што може да им ги кажете на децата со цел да се чувствуваат посебно – “Јас сум горд на тебе”, “Ти ова семејство го направи подобро” или “Ти си многу добар човек.” Она што е вообичаено за овие реченици е дека сè започнува со нагласување на добрите квалитети на детето. Ако така зборуваме со детето од рана возраст, се фокусираме на позитивни отколку на негативни работи и тоа е секако, нешто што се памети.
Кога го оставивте телефонот и сè што сте направиле за вашето дете.
Денес со напредна технологија, често ни се случува дека на специјални моменти гледаме преку камерата на телефон и така ние пропуштаме мали нешта што децата сакаат да ги споделат со нас, бидејќи ние не сме доволно присутни во моментот. Кога на децата ќе им се посветите целосно(кога ќе се откажете од телефонот), тие гледаат дека го имаат вашето внимание и затоа се чувствуваат сакани. Тие знаат дека ги сакате, но во овие специјални моменти, тоа посебно го забележуваат како вие да го запирате времето за да бидете со нив.
Како се однесувате во тешки ситуации.
Вие сте модел и водич, бидејќи тие се движат кон несигурниот живoт и ранливи се. Кога ќе дојдат тешки времиња, како на пример кога треба да се борите со болест во семејството, ќе се сети на начинот на кој сте зборувале за тоа, без разлика дали се чувствувале безбедно или спокојно, ќе паметат како сте реагирале.
Начинот на кој вие и вашиот маж/жена ги третирате другите возрасни луѓе (и како се однесувате едни со други).
Детето постојано учи од вас! Па дури и кога зборувате за некого зад вас или кога лошо се однесувате кон некого детето тоа го забележува и мисли дека е во ред така да се однесува. Кога сте дома со вашето момче и семејство, обидете се да соработувате со вашиот партнер на позитивен начин со многу љубов и почит. Па децата ќе имаат добар пример за да видат.
Кога не бевте таму за нив.
Иако звучи многу негативно, ова е позитивна работа. Иако ќе се сеќаваат каде точно не сте биле во можност да бидете таму, тоа е во ред, бидејќи тоа е составен дел од животот, тоа е едноставно невозможно, секогаш да бидеш присутен. Но, децата ќе се сеќаваат и првиот пат кога некаде преспале без вас, или кога за прв пат ќе им се случи, нешто толку важно што со трчање се вратиле дома да ти кажаат тоа. Ова се работите што ќе се паметат кога децата ќе пораснат.