Германски е најпопуларниот јазик кој се учи на Балканот, во светот доминира англискиот
Дуолинго е една од најпопуларните апликации за учење на јазици, а неодамна истата потврдила дека англискиот јазик е сѐ уште најпопуларниот јазик кој се учи во земјите ширум светот, додека на Балканот моментално прва опција е германскиот јазик.
Оваа апликација ја користат повеќе од 120 милиони луѓе од сите делови во светот, а Дуолинго редовно објавува податоци за популарноста на апликацијата и јазиците во поединечни држави.
Како прв најпопуларен јазик кој се учи во земјите од Балканот е наведен германскиот јазик, а по него следуваат шпанскиот и италијанскиот.
Дуолинго објави статистика која открива дека англискиот е прв на листата во дури 116 држави, додека францускиот во 35, шпанскиот во 32, а германскиот во 9.
Според она што може да се заклучи од официјалниот форум на апликацијата, голем број луѓе сакаат да ги видат хрватскиот, српскиот и босанскиот јазик како опции за учење, меѓутоа сѐ уште нема значајни промени на тоа поле.
Англискиот јазик е најмоќниот јазик на светско ниво додека францускиот и шпанскиот јазик се во жестока борба за второто место.