Пановски: Важно е што побрзо да имаме колективен имунитет, критични се овие 2-3 месеци
„Критични се овие два-три месеци да се заштедат и пари, а особено животи и болни“, вели епидемиологот и професор Никола Пановски.
Според него, средства ќе се заштедат и со скапа вакцина бидејќи најскапо е лекувањето на пост-ковид синдромот.
„Факт е, дека бразилскиот, особено јужно – африканскиот е по пренослив а можеби и по отпорен на веќе создадени антитела од британскиот сој. Така да, тие ќе дојдат.. затоа е важно што побрзо да имаме колективен имунитет“, смета Пановски во изјава за ТВ Алфа.
Тој посочува дека ако навремено се преземат мерки би можело да се спречи ширењето на вирусот, односно појава на трет бран.
„Повторно со цел да се добие вакцина. Мислам кај нас, дека тие се безпредметни мерки сега, тие мерки можат да се донесат во Октомври или Ноември.Имаме кога за пет пати за две недели се зголеми бројот од 200 на 1000 па на 1400 заболени. Тогаш мерките најверојатно не беа донесе затоа што нашата економија го има овој максимум капацитет, ако воопшто и овие мерки може да ги издржи“, објаснува епидемиологот.