Со авион се забил во зграда за да ја убие сопругата: После жестоката расправија излетал од забавата и се упатил кон смртоносниот лет
Пилот од Боцвана загинал откако со украден авион се забил во зградата во која се одржувала забава за детски роденден.
Чарл Вељун бесен истрчал од клубот во кој неговата сопруга Наташа била на забава, а потоа украл мал авион.
Наводно неколкупати во знак на закана прелетал преку зградата, а потоа со телефон ги предупредил гостите да избегаат. На снимката се гледа како авионот лета близу земјата, пред да се забие во зградата во близина на границата на Боцвана и Јужна Африка.
Пилотот загинал на лице место, но неговата сопруга и гостите поминале неповредени, бидејќи успеале навреме да го напуштат клубот. Според сведоците, сопружниците се расправале на забавата и се сомневаат дека тоа всушност било причината за трагедијата.
„Повика пријател од кокпит и го праша дали неговата сопруга сè уште е внатре. Сите се вознемирија и веднаш излегоа надвор, а потоа авионот се заби во зградата“, раскажал сведок на трагедијата.