Што вели анкетата: Кој ќе биде првиот претседател на Република Северна Македонија?
Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова со убедлива предност пред противкандидатите од страна на македонските испитаници во анкетата која ја објави телевизија Телма.
На прашањето „За кој кандидат ќе гласате на претседателските избори“, анкетата покажува различни резултати зависно од националната припадност.
Вкупно 32,2 проценти од Македонците со право на глас се изјасниле дека ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова, 26,1 отсто од македонските испитаници се за Стево Пендаровски, а 0,9 се за Блерим Река.
Најголем дел од испитаниците од албанска националност, односно 41,4 ќе гласаат за Блерим Река, 15,2 отсто го поддржуваат Пендаровски, а 0,4 од албанските гласачи се за Силјановска Давкова.
-Ако утре се одржат претседателски избори, 25 отсто од граѓаните би се изјасниле за Стево Пендаровски, 22,4 проценти за Гордана Силјановска, 10,9 отсто за Блерим Река, а 17,9 отсто не би поддржале ниту еден од овие кандидати, покажува анкетата спроведена од М-проспект за ТВ Телма.
Од анкетираните, вкупно 18,3 отсто сé уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат.