Не е само “селско руменило” – Розацеа и хиперпигментација
Не се сеќавам кога точно ми се појави розацеа. Веројатно уште долго пред да ми дијагностицираат Хашимото синдром (не се грижете, страшно звучи но всушност е вид на пореметување на тироидната жлезда и на хормоните, не се умира од ова), но тогаш не обрнував внимание, мислејќи дека едноставно такво ми е лицето, она што народски си го викаме “селско руменило” или постојани црвени образи на лицето. Но, со текот на времето на образите почнаа да ми се појавуваат и испукани капилари, дамки, па дури понекогаш и ситни мозолчиња кои ужасно чешаат.
Всушност, не сум сигурна колку од нас се запознаени со розацеата како медицинска состојба, но и општо со сите форми на хиперпигментација на кожата. Затоа и ќе направам краток осврт на тоа што е розацеата и како да се третира.
Прво, мало разочарување – не може да се излечи трајно, ниту пак е позната точната причина за нејзина појава. Розацеата никогаш не поминува сосема, и најчесто “пламнува” од стрес но и од многу други фактори – исхрана, алкохол, екстремни температури, хормони, генетски предиспозиции и слично. Да, да, и јас се смеев кога читав за ова – значи, треба да си будистички монах за да немаш проблеми со розацеата.
Лесно е да кажам “Трудете се да не бидете под постојан стрес, јадете здрава храна и вежбајте умерено”, но реално, ни сама не можам секогаш да се придржувам кон ова. Затоа сум многу, многу среќна што Eucerin лансира високо иновативна колекција “Анти-пигмент” за нега на кожа склона кон хиперпигментација, и гледам и чуствувам супер резултати иако прилично неодамна почнав да ја користам. Дури и баба ми ја “навлеков”, и’ помага со темните дамки на дланките и тоа ефективно за разлика од се’ што досега направи. И да, и повозрасните жени сакаат, и заслужуваат да се чуствуваат убаво и да направат нешто во врска со тоа. Затоа, проверете убаво – црвени обравчиња се слатки и симпатични, но понекогаш се индикатор за проблем со кожата. Доколку се работи за второво, набавете си соодветна козметика на време или станете будистички монах за секој случај.