Се одржа Аутопартс експо 2018, саем за автоделови во Македонија

Над 100 посетители, дел од нив претставници од македонски компании, индивидуалци, луѓе поврзани со авто индустријата беа дел од  Аутопартс Експо 2018, саемот за автоделови на кој се претставија 16 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa, но и од други делови од светот.

Продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетна понуда на авто делови имаа можност да се запознаат со светските терндови во индустријата на автоделови, да разменат контакти и искуства.

Организатор и носител на настанот беше реномираната компанија Мега Ауто Партс, која на настанот прослави и 20 годишен јубилеј, две децении постоење на македонскиот пазар, како компанија која обезбедува авто делови со оригинален квалитет од врвните европски и светски производители.

Во Мега Ауто Партс работат врвни ауто професионалци со долгодишно искуство, кои ги следат новите технологии во автомобилската сервисна индустрија, нудејќи истовремено врвни авто услуги и професионални совети за своите клиенти.

 

На својот 20 годишен роденден и 20 години посветена работа на македонскиот пазар, од компанијата Мега Ауто Партс уште еднаш сакаат да потенцираат дека квалитетните, оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот.

“Безбедноста и сигурноста при патувањето е нешто кое е бесценето, нешто со што не треба да се прави компромис. Токму поради тоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен реномиран производител. Кога тие се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови со сомнително потекло од производство и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање”, истакна г. Агим Горчај, coпственик Мега Ауто Партс .

Translate »