ЧУЛЕВ СО ДЕТАЛИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА: Досега приведени се пет лица, пронајдени се оружје и хероин

Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност денес презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје, меѓу кои три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, кое потекнува од кривично дело тешка кражба од продавницата за оружј, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев

„При пребарување на теренот, во специјално направен бункер пронајдено е околу 2.5 кг хероин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дополнително, до сега приведени се вкупно 5 лица, а акцијата сеуште е во тек.

Министерството за внатрешни рабаоти ги презема сите неопходни мерки за санкционирање на сите оние кои постапуваат во спротивност за законите.“  напиша Чулев

Translate »