Го фатија како уринира во лименка и го отпуштија
Работник во фабрика во Милтон Кејнс , Велика Британија , која ги снабдува Кока Кола, Карлсберг и Монстер енерџи со репро материјали и пакувања, е отпуштен откако е фатен како уринира во лименките наменети за овие пијалаци, пренесува Делји Мејл.
40 годишниот маж уринирал во лименките во погонот пред сведоци. Тој бил примен на договор и работел само неколку месеци, кога го отпуштиле. Од фабриката го потврдија инцидентот, но уверуваат дека не е нарушена хигијената на процесот.