Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд – Фантазија
Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес денес официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд Фантазија. Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи, што ќе им овозможат брза и лесна подготовка на омилените рецепти.
Инвестицијата во вредност од650.000 евра, ќе обезбеди нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.
Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години посветено работеа на креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање.
Брендот Фантазија на македонскиот пазар ќе понуди иновативни производи за брза, успешна и лесна подговотка на разни рецепти.Асортиманот на Фантазија го сочинуваатполуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на декорации за десерти.
“Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, аќе бидат наменетиза сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските”– изјави г. Глигор Цветанов, извршниот директор на Mакпрогрес Виница.
Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитетит на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава високо конкурентни брендови што можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.
Макпрогрес е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот. Компанијата придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел, до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.
Лила Филиповска официјално ги промовираше овие производи на официјалната промоција во х. Александар Плац во Виница.