Дел од доказите за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ поплавени во објектот на СЈО !?
Од СЈО за емисијата „360“ потврдија дека минатата недела се случила поплава во нивниот објект и биле зафатени дел од документите собирани како докази за три предмети.
-Точно е дека поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено СЈО, протече една од цевките, при што беше зафатена дел од документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Треба да се има предвид дека во ова Обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не се ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување, одговорија од СЈО.
На социјалните мрежи се коментира дека ова е обид за пазарење, и дека некој можеби сака да проба да сокрие докази за да ги елиминира процесите против Камчев, Мијалков и братјата му. Коментарите упатуваат на онаа познатата „Ако пројде пројде“, и големи разочарувања од ваквиот тип на работење што страотно ја нарушува довербата во СЈО и судството.
Други коментираат дека има и разногласие во СЈО, па некој се обидува да саботира.
Сепак официјалниот одговор е како што велат од СЈО дека сите документи им се скенирани, и дека ќе ги обноват ако е потребно истите за потребите на судските процеси.