Вознемирувачка приказна на девојка која на 16 години била силувана од Сталоне
Актерот тогаш го снимал филмот „На врвот“, а девојката го обвинила за вознемирување. Девојката со семејни пријатели била на одмор во хотелот во кој се снимале некои кадрови на филмот. Тинејџерката со Сталоне ја запознал актерот Дејвид Менденхел, кој во филмот го игра неговиот син. По неколку дена, девојката го сретнала славниот актер, кој тогаш имал 40 години, во ходникот и го замолила за автограм. Сталоне неа и нејзините пријателки ги бакнал во образ. Наредниот ден, девојката пак се вратила на сетот и добила уште еден автограм, а таму ја дочекал телохранителот на актерот кој ја прашал дали би се противела на додворувањето на Сталоне. Одговорила дека тоа не би ѝ пречело, а телохранителот ѝ ги предал клучевите од хотелската соба на актерот. Кога пристигнала, актерот ја дочекал, ја однел во собата, и според нејзините зборови, имале секс.
Тинејџерката рекла дека Сталоне ја принудил на неговиот телохранител да му пружи орален секс, држејќи ѝ ја главата. Потоа, тогаш 27-годишниот телохранител, рекла девојката, во неа пенетрирал. Кога сè било готово, актерот и телохранителот ѝ се заканиле на девојката.
– Ми рече дека двајцата се оженети мажи и дека, ако кажам некому што се случило, ќе ме претепаат – тврдела девојката.
Во полицискиот извештај стои дека девојката, раскажувајќи за деталите, цело време плачела и се тресела. Таа веднаш не го пријавила злоставувањето, бидејќи била преплашена и понижена. Полицијата ја пронашла девојката откако нејзината пријателка случајот го пријавила на персоналот на хотелот. Девојката не сакала да покрене тужба против двајцата мажи.
Инцидентот се случил една година пред полусестрата на Сталоне, Тони Ен, да го тужи актерот за силување. Тврдела дека Сталоне сексуално ја злоупотребувал со години. Сталоне на полусестрата ѝ исплатил 2 милиони долари и се обврзал да ѝ уплаќа 16.000 долари месечно до крајот на нејзиниот живот.