Го убила синот затоа што сакал да ја стави во старечки дом

92 годишната Ана Меј Блесинг од Аризона го убила својот 72 годишен син Томас Блесинг,  кој сакал да ја смести во дом за стари лица. Во домот во кој  Томас  живеел  со мајка му,   се вселила неговата девојка (57) . По шест месеци заеднички живот, тој ѝ предложил на мајката да оди во старечки дом.  По неколку дена размислување, навредената мајка  смислила пеколен план.

Ана Блесинг ги сокрила двата пиштоли, кои ги поседувала уште од 1970 година, под перницата. Го повикала синот во спална и се соочила со него. По кавгата, почнала да пука во Томас.

Откако го усмртила, тргнала кон неговата девојка. Но, за среќа едниот од пиштолите се закочил. Несудената снаа го искористила моментот,  се нафрлила на свекрвата и ѝ го одзела пиштолот.

Кога дошла полицијата, ја нашле  Ана Блесинг  како седи на својата столица за лулање, и  повторува една иста реченица” Тој ми го зеде животот затоа јас го одзедов неговиот!”

Старицата е уапасена и обвинета за убиство од прв степен.

Таа е под посебен надзор откако се заканила дека ќе си го одземе животот.

Судењето е во тек.

Полициски извори откриваат дека односите меѓу синот и мајката биле постојано тензични и дека и претходно  имало пријави за домашно насилство.

 

Translate »