Видео кое го насмеа светот: Дете снимено како решава домашна задача со помош на гласовниот асистент “Alexa”

Едно шестгодишно дете од Њу Џерси било снимено како решава домашна задача по математика со помош на гласовниот асистент “Alexa”, а видеото веднаш станало вирално, пишува “New York Post”.

Детето во текот на досетливото решавање на домашната задача било фатено од страна на неговата мајка Јерелин Куева, која го снимила а потоа и објавила на социјалната мрежа Твитер.  

“Беше како секој друг ден кога тој ја пишува домашната задача. Бев во дневната соба и одеднаш го слушнав како тој ја испрашува “Alexa” да му ја реши задачата. Не можев да поверувам. Меѓутоа, она што не може да се слушне на видеото е тоа што тој секој пат ѝ се заблагодарува на “Alexa” кога ќе му ја реши задачата”, вели Куева.

Таа раскажала дека “Alexa” ја имаат во домот веќе една седмица и дека нејзиниот син Џариел, кој има шест години, многу брзо научил да ги користи сите функции на гласовниот асистент, но не ѝ е се уште јасно зошто тој барал помош при решавање на математичката задача, со оглед на тоа што тоа му е најомилениот предмет на училиште.

Translate »