Која е тајната на најдоброто вино од Македонија!
Неговиот полн богат вкус со комплексни ароми на црно зрнасто овошје, во комбинација со чоколадни тонови, одлежано во дабови буриња предизвикува силни емоции и вистинско задоволство кај секој кој ќе го проба!
Да тоа е црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин, вино кое според вистинските љубителите на виното е нешто најдобро што доаѓа од Македонија.
Вино кое не може да се копира, со уникатен вкус, за кое е потребно многу работи да се случат, за да настане.
Која е тајната?
Прво во самото лозје, кое треба да има исклучително добра арома, тероар….природни услови
Вранецот со етикета My Way од Бовин е направен од касна селектирана берба од 2011 година од сопствени дехидрирани гроздови од специфична локација на надморска височина од 700 метри. На место каде грозје расте заедно со шумските плодови, и сите убавини на природата.
Од лозови насади стари повеќе од 50 години, кои со годините мутирале и успешно се прилагодувале на сите временски услови. Потоа грозјето се суши, пресушува за да преку контролирана ферментација се добие полно вино, робусно, кое веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба.
Виното се создава на лозовите насади, а финализирањето е во винариите.!
Црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња.
Бовин на кинески значи “богатство” , а токму такви се овие вина, вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила, кои откако еднаш ќе ги пробате, повторно сакате да се вратите на нив.
Не е случајно што црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин беше прогласено за едно од најдобрите на светот, освојувајќи највисоко златно признание на интернационалниот вински натпревар одржан во Рочестер, Њујорк, 2018 година.
25 експерти од 8 земји, реномирани сомелиери, енолози, винари, дистрибутери и вински новинари оценуваа повеќе од 1.000 вина од 26 држави, а црвеното вино Вранец My Way 2011 од Бовин беше прогласено за едно од најдобрите на светот освојувајќи највисоко златно признание. Вината се оценуваа според светски стандардизирана скала од 100 точки на Меѓународната организација на вино (OIV) врз основа на највисоките професионални критериуми. https://wine.raiseaglassfoundation.com/results/2018