Малолетничка силувана на стадион

Шестнаесетгодишна малолетничка била силувана на градскиот стадион во Виница.

Во МВР било пријавено дека таа заминала на настава во средно училиште, од каде што за време на одморот У.Ќ. (18) насилно ја однел  кај стадионот и побарал да остане во Виница со него и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот ѝ ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани. По наредба на јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Translate »