Во само пет минути таа изгуби се, својата убавина, момчето и иднината

Пред само две години ,  Марија Лебедева беше убавица со универзитетска диплома , а животот и светот ѝ беа на дланка. Сега таа е непропознатлива. Нејзината убавина исчезна, таа го загуби видот и има амнезии.

Марија на плажа

Судбината на Лебедева , убавата девојка од Новосибирск, се промени кобната вечер на 20 -ти август во 2016-та година. Таа  требаше да се најде со нејзиното момче Андреј, со кого одеше 4 години. Маша, како нагалено ја викаат блиските,  доцнеше 30 минути и знаеше дека дечко ѝ  ќе биде лут.  Како што си претпоставуваше, Андреј почна  веднаш да се расправа со неа.  За караницата сведочи и неговиот пријател, кој вечерта беше со нив.

Кога се  качија во кола,  Андреј  беше нервозен и се дереше на неа. Седна зад воланот и возеше брзо.  Пред семафорот, стисна гас  за да го фати зеленото светло и со цела брзина удри во автомобилот кој вртеше лево.

Во сударот настрада само Марија.Кај  Андреј и неговиот дугар се активираа воздушните перничиња бидејќи седеа напред, но  таа тешко ја повреди главата и рбетот. 10 дена беше во кома.

Марија и Андреј, кога беа заедно

Во сообраќајката Марија  го загуби видот и сеќавањето. Oтпрвин, Андреј ја посетуваше во болница, а потоа престана. Трошоците за лекување беа огромни, нејзините родители мораа да се судат со него за да плати дел од сумата. “Не го обвинуваме за тоа што се случи, но можеше барем еднаш да се јави на телефон, да праша како е”, вели татко ѝ на Марија.

Марија, во својот дом во Новосибирск

Но, Марија вели дека не е изненадена од таквиот однос. По сообраќајката таа речиси остана без пријателите. Еден по еден, сите ја напуштија, ѝ остана само најверната другарка, Даша.   ” По се изгледа, јас и немав вистински пријатели, туку само познаници”, заклучува Марија. Сепак таа го има своето семјство и сестра ѝ, кои ѝ се поткрепа.

Марија со сестра ѝ

Животот на Марија не ѝ е лесен. Таа се уште оди на терапија. Со болки си легнува и со болки станува..Но, најтешко ѝ е што не гледа . Се надева дека видот колку толку ќе и се врати. Лекарите ѝ влеваат надеж , но за сите тие лекувања требаат пари. “Најтешко ми е што зависам од другите и што ме сожалуваат”, признава Марија, која не се откажува од борбата. “Сакав и се уште сакам  да бидам стјуардеса, се надевам дека таа желба ќе ми се исполни во животот”, вели 26 годишната Русинка.

Пред само две години Марија сонуваше дека ќе стане стјуардеса

 

 

Translate »