Трамп: Ќе се повлечеме од Сирија

По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.

– Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо.

Тој нагласи дека меѓународната коалиција предводена од САД, наскоро ќе преземе контрола „на 100 проценти од Калифатот“, по што американските сили ќе се повлечат од Сирија.

– Ќе се вратиме во нашата земја, каде и што сакаме да бидеме, порача Трамп.

Валвата изјава на Трамп уследи само неколку часа откако портапролката на Пентагон, Дејна Вајт порача дека во Сирија „останува да се заврши уште многу работа, за да може да се гарантира дека екстремистите се трајно уништени“.

Од друга страна, портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојер во коментар на најавата на Трамп, рече дека нема информации оти постои план за повлекување на САД од Сирија, ниту за промена на сегашната политика на Вашингтон по ова прашање.   (МИА)

Translate »