(ВИДЕО) последни снимки од уривањето на мостот во Џенова- моментот во кој исчезна се!

Снимките кои ги забележале безбедносните камери на 14 август на мостот во Џенова навистина ја замрзнуваат крвта во вени и го прикажуваат моментот во пресрет на смртоносното уривање на надвозникот Понте Моранди.

На видеото се гледа моментот на трагедијата од два различни агла. Најпрво дождот кој паѓал го заменил облак со густа прашина од кој ништо не се гледа, а потоа се исчезнува!

На местото на урнатините, само неколку секунди пред тоните бетон да се урнат на тлото, е снимен пешак кој не претпоставувајќи ништо ја преминувал улицата.

Во оваа незапамтена трагедија настрадаа засега 43 луѓе, но се стравува дека тоа не е конечен број.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте прогласил вонредна ситуација во траење од 12 месеци во регионот на Џенова, и определил 5 милиони евра помош од владините фондови.

Потсетуваме дека во моментот во пресрет на уривање на мостот камерите забележале и морбиден удар на гром точно во него.

Translate »