Рецепт за најздравиот леб на светот: Го чисти телото од маснотии и успешно ги елиминира токсините од организмот
Овој леб без брашно е подеднакво нутритивен како и другите пекарски производи, но е богат со протеини, витамини, аминокиселини, масти, јаглехидрати и минерали.
Ваквиот леб го стимулира производството на црвени крвни зрнца и хемоглобин, го олеснува отстранувањето на канцерогените и токсични супстанци од организмот и го отстранува холестеролот. Исто така, се препорачува и како превенција за дијабетес, атеросклероза и целулит.
Овој вид леб се прави од изртени пченични зрна со минимален додаток на квасец и сол и без адитиви и конзерванси.
Тој е поинаков од сите останати видови леб затоа што другите видови содржат брашно со ниска биолошка вредност и својства на кои човечкото тело не може да се навикне. Само содржината на нутритивни влакна е 20 пати поголема отколку во обичниот бел леб.
Потребни состојки:
- 300 гр. пченица
- 100 гр. снегулки од јачмен
- 2 лажици сусам
- 3 лажици ленено семе
- 2 лажици семки од сончоглед
- 1 лажичка сол
- ½ свеж квасец
- 50 мл. вода
Начин на припрема:
Процесот на подготовка на овој леб трае малку подолго така што ќе треба да одвоите време за него. Започнете така што ќе ставите вода врз пченицата. Пченицата треба да отстои три дена во вода додека не почне да ’рти. Повремено менувајте ја водата за пченицата да не се расипе.
По три дена, процедете ја пченицата и сомелете ја во блендер. Ќе добиете смеса слична на тесто. Во таа смеса додадете ги снегулките од јачмен. Пред тоа би требало добро да ги полеете снегулките со малку топла вода за да омекнат.
Во тестото можете да додадете сончогледови семки, ленено семе и сусам, со тоа што претходно благо ќе го пропржите во тава без зејтин, само за да фати златножолта боја.
Во 50 мл. вода растворете половина свеж квасец и една лажица шеќер. Кога квасецот ќе нарасне, додадете го во смесата и месете рачно.
Додадете лажичка сол и добро распоредете. Потоа, готовото тесто ставете го во тава за печење.
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Пред печењето, ставете неколку коцки мраз за да се направи пареа што ќе му овозможи на лебот уште малку да нарасне. Печете околу 45-50 минути. Проверете дали лебот е готов така што ќе го боцнете со вилушка како што правите кога печете колачи.