Згответе солени мафини за 20 минути
Денот нека започне со супер деликатес за кој треба само да измешате неколку состојки, да ги ставите во калапи за мафини и да испечете.
СОСТОЈКИ:
- 2 шолји брашно
- 1 шолја јогурт
- ½ шолји масло
- 3 јајца
- 1 прашок за пециво
- сол
- 200 гр. фета
- 100 гр. шунка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Се матат јајцата во сад со јогуртот и масло, се додава сол и просеано брашно, па се мати се убаво со жица.
- Се рони сирењето и се додава, па се сече и шунката на ситни коцки и се става во смесата.
- Се става смесата во калапи за мафини и се пече на загреана рерна на 200 степени 20 минути.
Пријатно јадење! Gotvi.mk