БОРИС ЏОНСОН Е ЗАБАВЕН, НО, ДАЛИ МОЖЕ ДА ПРЕДВОДИ ВЛАДА?

Борис Џонсон, кој за разлика од повеќето други британски политичари е препознатлив за јавноста, е прв во редот да ја наследи британската конзервативна премиерка Тереза Меј што, пак, е загрижувачки за многу партиски активисти.

Воопшто не е тајна неговата незаситна глад за позиција низ годините, најавувајќи уште како тинејџер дека еден ден ќе стане премиер.

Џонсон, поранешен новинар и градоначалник на Лондон, беше бесен кога Дејвид Камерон го презеде партиското лидерство.

Камерон, кој беше во кампања Британија да остане во Европската Унија, даде оставка веднаш откако Британците во 2016-та година гласаа на референдум да го напуштат Блокот.

Џонсон, пак, вечерта на референдумот премина од поддржувач на ЕУ во поддржувач на Брегзит, што критичарите го оценија како бесрамен потег за унапредување на кариерата.

Џонсон пред три години беше виден како сигурен победник да го замени Камерон, но, загуби од Тереза Меј делумно поради Мајкл Гов, кој се повлече од негов менаџер на кампањата.

Гов, со поголемо министерско искуство повторно е во трка за премиер, како и актуелниот министер за надворешни работи и поранешниот министер на Брегзит Доминик Раб, кој се обидува да се натпреварува со Џонсон како човек што може да го реши Брегзит.

– Ја сакам работата, ја сакам работата, ја сакам работата, наводно му рекол Џонсон на еден конзервативен парламентарец пред извесно време, кога барал поддршка за лидерската трка во која има десетици кандидати.

Меѓутоа, неговите противници нагласуваат дека амбицијата и препознатливиот имиџ можеби нема да бидат доволни Џонсон да победи, кои велат дека неговата забавна страна можеби крие депресивен карактер. Нешто што, велат тие, не е потребно за новиот британски премиер.

Гласот на Америка – Вашингтон

Translate »