ХИЛАРИ СВОНК: ОД ЖИВЕЕЊЕ ВО ПРИКОЛКА ДО СВЕТСКА СЛАВА

Актерката Хилари Свонк ја гради својата кариера со години, а за својата работа има добиено и најзначајни награди. Иако денес живее во изобилство, порано била многу сиромашна.

Таа пораснала во сиромашно семејство кое не можело да ѝ обезбеди детство какво што имале нејзините врсници. Живееле во камп приколки кај езерото Самиш во Вашингтон.

Иако нејзиниот живот се разликувал од животот на другите деца, тоа не ја спречило да се занимава со спорт и како гимнастичарка освојувала награди на скоро секое натпреварување, а особено била заинтересирана за глума, па ги посетувала сите работилници и часови организирани во нејзиното училиште.

Кога започнала посериозно да се занимава со глума, се посветила и на хуманитарна работа и голем дел од животот го посветила на борбата за човекови права и борбата против семејното насилство.

Меѓутоа, една таква поддршка скоро ја чинеше нејзината кариера и кредибилитет. Имено, во октомври 2011 година, Свонк присуствуваше на контроверзниот настан во главниот град Чеченија, по повод 35-от роденден на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Откако таа јавно му го честиташе роденденот и беше фотографирана во негово друштво, се огласија борците за човекови права и започна лавина негативни коментари.

Како што беше објавено порано, се покажа дека актерката не знаела дека Кадиров ги крши човековите права во Чеченија и дека тој самиот е обвинет за насилство врз другите. Во истиот момент, Свонк се огласи за овој скандал и јавно се извини и жалеше за нејзиното учество во чеченскиот настан, оправдувајќи се себеси со тоа што не била свесна за скандалите поврзани со овој претседател.

Инаку, таа строго го крие својот љубовен живот од јавноста, а единствено што е позната е дека е во брак со Филип Шнајдер, а нивната венчавка се одржа во тајност на ранчот Санта Луција во Калифорнија.

Translate »