(ФОТО) Револуција во медицината: Бебе извадено од стомакот, оперирано и вратено назад
Секоја година во САД се раѓаат 1.500 бебиња со таа мана, додека во Велика Британија едно на 1.000 деца. Во повеќето случаи се открива пред раѓањето, некаде околу 20. недела на бременост
Бремената Бетани Симпсон (26) од Есекс е една од првите жени во Велика Британија на чие бебе за време на нејзината бременост лекарите извршиле операција поради деформација на ‘рбетот под назив spina bifida.
Станува збор за вродена мана а се случува во првите месеци на живот
на заметокот кога не доаѓа до комплетно затворање на т.н. ’рбет на
кичмата.
Бетани Симпсон подлегнала на револуционерна метода во која од нејзиниот
стомак било извадено бебето поради операција, а после тоа било вратено
назад во стомакот.
Нероденото бебе на Бетан Симпсон докторите го дијагностицирале со „spina bifida” што е тежок деформитет на ‘рбетот, кај кој е вроден расцеп на ‘рбетниот столб па ‘рбетниот мозок не е целосно затворен. По оваа дијагноза Бетан имала можност да стави крај на бременоста, но после тоа таа и нејзиниот сопруг дознале за операцијата која се практикувала во Велика Британија.
Бетани, која бебето требала да го роди во април, имала
специјализирана операција во болница во Лондон, каде докторите од
болницата Great Ormond Street успешно го оперирале бебето. После тоа
бебето повторно било вратено во стомакот на мајката, пренесува
британскиот Телеграф.
Бетани Симпсон е четвртата жена во Велика Британија која подлегнала на ваков оперативен зафат.