Неофицијално две жртви и многу повредени во автобуската несреќа
Неофицијално има две жртви од превртениот автобус и веќе триесетина се пренесени во Градската болница во Скопје и на други клиники, дознава „Макфакс“. Извлечени се сите патници, но се стравува дека меѓу нив има многу кои се во животна опасност.
Нашите извори тврдат дека има многу повредени лица, а сè уште трае транспортот на повредените од местото каде што се преврте автобусот.
За половина час, изјава за медиумите ќе даде министерот за здравство Венко Филипче кој ќе ги соопшти првите официјални информации за повредените во несреќата.
Во патничкиот автобус на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 луѓе. Тој се преврте по 17 часот во близина на селото Ласкарци во општина Сарај, од засега непознати причини.