ФИЛИПЧЕ: ЈА ОСТВАРИВМЕ ВЕКОВНАТА БОРБА НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ!
Ја остваривме вековната борба на нашите предци! Ја избравме својата независност и ги поставивме стратешките цели на државата, таму кадешто припаѓаме – НАТО и Европската Унија, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
-На одбележувањето на 29 години од независноста докажавме дека го сакаме најдоброто за нашата земја, за своите семејства и идните поколенија. Оваа година прославуваме како земја членка на НАТО, како успешна, силна, и прогресивна држава која оди напред. Носиме мудри одлуки, кои ги гарантираат мирот и стабилноста. Продолжуваме и понатаму неуморно да го остваруваме аманетот кој ни е даден – модерна и европска Северна Македонија! Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста!, напиша Филипче на Фејсбук.