Чистењето е поштетно за вашето здравје отколку 20 цигари дневно!

Секојдневната употреба на средствата за чистење е поштетно отколку да пушите по 20 цигари на ден. Ова го потврдија норвешки и британски  истражувања. Капацитетот на белите дробови  драстично се намалува кај жените кои чистат дома, покажаа тестирањата.

Тоа се должи на агресивните хемикалии кои се содржани во средставата за чистење. Притоа  овие производи најчесто се пакувани во шишиња со пумпици поради шо опасните состојки полесно  влегуваат во респираторниот систем додека чистите.  Употребата на средствата за полирање и чистење може да доведат и до астма, предупредуваат лекарите.

Една друга студија направена од Американската асоцијација за напредна наука покажа дека не само овие средства туку и боите, пестицидите и парфемите во себе содржат опасни материи кои се штетни по здравјето.

Научниците препорачуваат да се чисти со органски средства. Тие тврдат  дека некогаш е доволно само вода и микрофибер крпа за да ги исчистите валканиците. Препорачуваат дека е подобро да употребувате течни средства за чистење отколку оние во форма на спреј!

 

 

Translate »