Колкав процент од профилите на Фејсбук се лажни!

Лажните профили на Фејсбук се помеѓу 60 и 90 милиони, а 3-4% од содржината на социјалната мрежа е лажна информација.

Фејсбук проценува дека околу 13% од нејзините профили се “дупликати”, што значи дека тие се профили раководени од надворешен корисник или не постојат, објави Клубот. Многу од лажните сметки се користат за спам, изјави директорот на Фејсбук Финансис Дејв Веннер во неодамнешниот разговор со инвеститорите.

Twiter, исто така, објави дека скоро 5% од неговата база на клиенти или повеќе од 16 милиони сметки се лажни, според Де Ди. Поради овие причини Европската комисија го зголемува буџетот на надворешнополитичката служба на ЕУ за стратешки комуникации, создадена со цел борба против дезинформациите, која според заедницата доаѓа главно од Русија.

ТАСС претходно објави за работата на оваа група  во 2019 година, ќе бидат наменети 5 милиони евра, додека буџетот за оваа година изнесува 1,9 милиони евра.

Бугарскиот комесар за дигитална економија и општество Марија Габриел го  претстави акциониот план на Европската комисија за борба против онлајн дезинформациите  заедно со високиот претставник и заменик-претседател на Комисијата Федерика Могерини, заменик-претседателот Андрус Ансип и комесарите Џулијан Кинг и Вера Јурова.На пресконференцијата Марија Габриел истакна дека треба да се вложат сите напори за обезбедување на немешање на претстојните во 2019 година избори за Европскиот парламент.

Translate »