Намирници кои го нарушуваат сонот

Храната која што во текот на денот ја внесуваме во нашиот организам во голема мера може да влијае на нашиот сон.

Никој не сака да се разбуди среде ноќ без некаква конкретна причина, а особено кога тоа се повторува секој ден.

Многу фактори влијаат на квалитетот на сонот, а храната која што ја внесувате во телото е еден од нив. Постојат разни видови храна кои што можат да доведат до тоа да се будите во текот на ноќта, доколку ја консумирате непосредно пред да си легнете.

Ова се тие намирници:

Пржена храна

Храната со голема количина на масти, како пржено пилешко или пак помфрит, не е паметен избор за ихрана пред спиење. Тоа што тешко се вари во нашиот организам може да доведе до враќање на киселините, што е многу непријатно. Истото тоа важи и за крофните.

Газирани пијалаци

Кога консумираме пијалаци кои што содржат јаглерод-диоксид, тоа може да доведе до надуеност и притисок во стомакот поради што може да се разбудите среде ноќ. Тоа се однесува и на сите други видови газирани пијалаци.

Сокови

Соковите од овошје како портокал, грејпфрут или ананас имаат висока киселост која што никако не ни годи нам и на нашиот организам во текот на вечерта.

Чоколадо

Чоколадото може да нè ослободи од стресот и да нè опушти, но постои еден фактор поради кој не треба да го јадеме пред спиење, а тоа е фактот што содржи кофеин. Вистина е дека во нeго го нема во големи количини како во кафето, но секако може да предизвика несоница.

Црвено месо

Црвеното месо е корисно за нашиот организам, но многу е тешко за варење. За тоа е потребно пренасочување на крвта во дигестивниот систем, а тоа може да предизвика „вртење“ во кревет во текот на цела вечер.

Шеќер

Шеќерот од храната која што ја јадете навечер може да влијае на нивото на шеќер во вашата крв, што може да доведе до будење во текот на ноќта и тоа и од длабок сон.

Translate »