Неверојатно откритие за антителата од Ковид 19: имунитет постои дури и без антитела?

Најнови истражувања тврдат дека антителата што треба да ги добиеме по прележувањето на корона вирусот не се онакви какви што сме ги замислувале.

Експертско мислење доставено до Министерството за здравство на Израел препорача да не се користат серолошки тестови за коронавирус за да се утврди дали некое лице е имуно, нагласувајќи дека оваа „алатка“ не е доволно сигурна за некој да добие „пасош за имунитет“ и да може да патува.

Тал Брош, раководител на единицата за инфективни болести во Медицинскиот центар „Асута“ во Израел, го достави документот, предупредувајќи дека според последните познати информации, серолошките тестови не се сигурни и веродостојни во однос на утврдување на заштита од инфекција ниту по закрепнувањето од неа, ниту по вакцинирањето.

– Затоа, не се препорачува да се користат овие тестови за следење на оние кои примиле вакцина, освен за медицински истражувања – се наведува во тој документ.

Иако антителата исчезнуваат, нашето тело во повеќето случаи е имуно на повторна инфекција

Експертите го засноваа своето мислење на неодамнешните студии кои покажаа дека, иако антителата кон коронавирусот генерално исчезнуваат во рок од четири до осум месеци, нашето тело во повеќето случаи останува имуно на реинфекција, што значи дека нивото на антитела точно не предвидува дали едно лице е имуно на нови инфекции и до кој степен.

– Нема докази дека според нивото на антитела, што трговските компании ги тестирале со различни сетови тестови, можно е да се направи разлика помеѓу опоравените лица кои се имуни и оние кои не се – посочуваат тие.

Неколку студии за антитела како статистичка алатка веќе се спроведени во Израел за да се утврди дали таа земја се приближува кон колективниот имунитет. Ова предизвика сомневања за валидноста на ваквите тестови дури и за статистички цели, бидејќи многу луѓе имуни на коронавирус би се покажале негативни.

Доколку израелското Министерство за здравство го прифати ова ново истражување, серолошките тестови нема да бидат составен дел од воведувањето на „пасоши за имунитет“, поточно, тие нема да бидат валидни при издавање на истите.

Брош ги обвини компаниите кои вршат серолошки тестови дека всушност ја измамиле јавноста.

– Овие тестови имаат одредено значење, но во моментот немаме податоци што укажуваат дека треба да се потпреме на нивните резултати за да утврдиме дека одредена личност е имуна на коронавирусот. Брзањето да се направи серолошки тест за да се утврди дали некој има антитела или дали се вакцинирани е целосно неоправдано и не треба да се прави – рече Брош.

Translate »