Монструозно откритие: Пронајдена вреќа со 54 отсечени дланки

Се уште е мистерија чии се отсечените раце пронајдени во вреќа. Не се знае  кој , кога и зошто ги извршил монструозниот злочин . Вреќата со 54 исечени дланки е пронајдена во градот Кабаровск во Русија. Во тек е идентификација на отпечатоците на прстите. Вреќата била фрлена до реката, која е популарно локација кај локалните рибари. Сепак, никој од мештаните не знае ништо што би помогнало да се разреши случајот.  Местото каде е најдена вреќата , се наоѓа на 30 километри од границата со Кина.

Постојат сомневања дека рацете им припаѓале на крадци кои на суров начин биле казнети поради криминалот што го направиле. Но, според некои теории, рацете биле исечени со хируршки нож, што наведува на помисла дека чинот се случил во медицинска установа, но од кои причини не е познато. Полицијата не открива детали за истрагата.

 

 

 

Translate »