НАПРАВИЛE НАРОДЕН ЛЕК ЗА КОРОНА: ЗА СИРОМАШНИТЕ И ДЕЦАТА Е БЕСПЛАТЕН (ВИДЕО)
Африка го доби својот прв лек против коронавирус, а според претседателот на Мадагаскар, Андри Роџоелина, овој горчлив хербален пијалок направен од артемизија (еден вид пелин), горчлив корен што се одгледува на островот и се користи во некои лекови против маларија, ќе ги лечи заболените, но и превентивно ќе делува на сите други.
Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина го промовираше лекот – Covid Organics на националната телевизија, во кој се наведува дека пијалокот изработен од островот ќе го „промени текот на историјата“ и што е најважно, ќе им се дистрибуира на сиромашните и децата бесплатно.
На другите граѓани ќе им се наплаќа 30 центи за мало пластично шише или 80 центи за литар, јавуваат Африкањус.
Лекот е направен од Институтот за применети истражувања, кој истражува повеќе за употреба на традиционални лекови во Мадагаскар повеќе од 30 години.
Хербалниот пијалок не е научно тестиран и нема докази дека тој има некаков ефект врз КОВИД-19. Но, претседателот ентузијастички го промовира.
„Она што сакаме да го направиме е да ги популаризираме нашите пијалоци за да го заштитиме нашиот народ“, рече Роџоелина, а потоа пиеше шише лек, кој исто така ќе се продава во кесички со чај од 2,6 долари за 14 парчиња.
Некои функционери во Мадагарскар се против лекот затоа што тврдат дека не е докажан, па затоа некои деца од училиштето пред кое се дели се плашеле да го пробаат.
Некои одлучија дека можат да влезат на настава и да му веруваат на претседателот и да го пијат без оглед на тоа што рекоа нивните родители.
„Тој е горчлив и малку сладок, во исто време, едвај пиев за да не ми стане мака“, рече една жена, додавајќи дека не знае како би можела да го испие целото шише. Друга вели дека е навикната на народната медицина и дека е нормално таа да го проба лекот.
Учениците пред кои се дистрибуираше пијалокот, намуртено од горчливиот вкус, пиеја пијалоци и влегоа во училници каде секој од нив седи сам на клупа за да ја почитува социјалната дистанца.
Мадагаскар, островска држава во Индискиот Океан, има 26 милиони луѓе, 128 евидентирани случаи на „Ковид-19“ и што е уште поважно, нема починати. Закрепнале 71 лице.
Американските медиуми кои ја пренесоа приказната потсетија на предупредувањата на американските власти да не користат природни лекови и чаеви кои не се докажани затоа што можат да предизвикаат штета.
Во САД дури можеше да се чуе од претседателот дека варикина или слични средства за дезинфекција може да се користат за лекување на коронавирус, дури имало случаи кога некои познати личности изјавиле дека капењето со варикина е корисно, како што е наведено од лекар.