Каде во Македонија врне снег

Врнежи од снег веќе има во Македонија како што најавија синоптичарите.

Снег паѓа на Попова Шапка, а во Маврово врнежите се од дожд и снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и  југозападните делови од државата, а во останатите делови коловозите се претежно суви. Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

И утре според најавите ќе има врнежи од снег на планините.

 

Translate »