Не помагаат ни казни: 306 фирми досега зеле субвенции, а не им дале плати на работниците
Продолжува злоупотребата на државните субвенции за исплата на плати на вработените. УЈП до 2 февруари открила дека 306 фирми на 922 работници не им ги исплатиле парите за плати за што од државата добиле 1.305.020 денари помош.
Тие се предупредени и даден им е рок да ги исплатат, бидејќи во спротивно сметките ќе им се блокираат и парите прусилно ќе се пренесат на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.
Сѐ уште има компании што не ја исплатиле платата кон вработените за април, мај, јуни, октомври и ноември за што добиле пари од државата.
Меѓу фирмите што ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.