Канцеларии во кои би сакале да работите па макар и да имате ниска плата

Статистиката вели дека просечниот човек минува 10 години од животот во канцеларија или на работното место.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-01.JPG

За среќа, компаниите се обидуваат да ја направат работната средина што е можно попријатна за своите вработени.

реклама

Сè почесто слушаме за компании кои дозволуваат носење миленичиња, компании кои одделуваат простор за рекреација на вработените и компании кои ги прават канцелариите вистинска оаза.

Во продолжение погледнете неколку канцеларии во кои сигурно би работеле и без плата:

Канцеларии во форма на брод

Канцелариите на компанијата Inventionland се направени во форма на брод. Вработените работат на куќички на дрво и на „палубата“, а масите им се направени со буриња.

Директорот на компанијата смета дека не е во ред вработените да седат пред компјутер со часови, па за да им овозможи кратко бегство, направил навистина креативна атмосфера.

На овој начин, сите вработени, артисти и дизајнери ја добиваат потребната инспирација без воопшто да ја напуштат канцеларијата.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-02.JPG

Футуристичките канцеларии на Red Bull

Компанијата Red Bull има канцеларии во едно австриско село.

Канцелариите се наоѓаат сред езеро и со текот на времето станале една од главните атракции во селото.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-03.JPG

Канцелариите на Google во Калифорнија

Вработените на Google имаат пристап до фитнес-центар, хемиско чистење, сауна, кафетерија, базен и спортски игралишта. Истовремено, сите вработени можат да ги користат велосипедите што ги овозможува Google.

Интересно е што многу од велосипедите исчезнуваат – луѓето кои живеат во близина сметаат дека велосипедите се достапни за сите, па си ги користат и тие.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-04.JPG

Како сето ова да не е доволно, на територијата на компанијата има и фризер, но и градинка за децата на вработените.

Канцелариите во Цирих, пак, имаат соба „аквариум“ во која вработените можат да се релаксираат.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-05.JPG

Канцеларија со најубав поглед

Оваа фотографија е направена од личност која управува една од жичарниците во Швајцарија.

Ова е поглед што не го заменува ништо.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-06.JPG

Канцелариите на Amazon во Сиетл

Од Amazon сметаат дека канцелариите кои се идентични една на друга ја намалуваат ефикасноста на вработените.

Па, канцелариите на компанијата во Сиетл наликуваат на градина – овде се засадени над 40.000 растенија, од дури 30 различни држави.

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-07.JPG
kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-08.JPG

Канцелариите на YouTube имаат базен, кафетерии, фитнес-центар, па дури и огромна лизгалка

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-09.JPG

Удобна канцеларија на кров

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-10.JPG

Компанија што им дозволува на вработените да ги носат и нивните миленичиња

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-11.JPG

Дел од канцелариите на архитектонската канцеларија SelgasCano се направени со транспарентна пластика, што им нуди неверојатен поглед на вработените

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-12.JPG

Канцелариите на Pixar зафаќаат огромна површина, вработените се движат наоколу со мали мотори и има безброј играчки направени според ликовите од нивните филмови

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-13.JPG
kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-14.JPG

Канцелариите на компанијата Yandex се отворени, но има и посебни места кои нудат приватност

kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-15.JPG
kancelarii-vo-koi-kje-sakate-da-rabotite-i-bez-plata-16.JPG

Izvor Crnobelo.com

Translate »