Внуката на Тито: Додека дедо ми ја водеше Југославија Албанците го поддржуваа (ВИДЕО)
Златица Броз, внука на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во интервју за српски Спутник, зборуваше за својот дедо, за неговата политика и како успеал да го задржи Балканот под контрола.
Внуката на Тито објаснува каков човек бил поранешниот југословенски лидер и како таа сега гледа на политичките способности на нејзиниот дедо.
Таа вели дека Тито ја држел контролата и го обединил народот на Југославија и верува дека ваквата ситуација ќе траела ако се продолжело со неговата политика.
“Па, што можам да кажам? Кога беше на власт, тој успеваше некако. Имаше проблеми, но некако се држеше под контрола. И народите од поранешна Југославија навистина живееја во мир, братски и обединети, без разлика колку се луѓето иронични сега”, изјави Златица Броз.
Таа изјави дека верува оти нејзиниот дедо ќе продолжел да влаадее така, како што рече, преземајќи ги работите во свои раце за да може државата да се развива. Броз, исто така, зборувајќи за ситуацијата во Косово вели дека додека Тито ја водел Југославија, Албанците го поддржувале.
“За Косово, Косово беше со него. Во негово време ситуацијата не беше толку напната. Мислам дека дури и сега ќе најдеше можност да ја задржи таквата ситуацијата на некој начин”, вели внуката на Броз.
Во продолжение целото интервју на внуката на Тито, Златица Броз.