Се затвораат сите градинки,училишта и факултети

loading...

Се ослободуваат од работа вработените во овие институции. За еден родител на дете до 10 години е дозволено платено отуство во 14 дена

Се прикинува наставатата во градинките, основните и средните училишта во наредните 14 денови. Се ослободуваат од работа вработените во овие институции. За еден родител на дете до 10 години е дозволено платено отуство во 14 дена. Нема да има настава ниту на факултетите и другите образовни иституции, информира министерот Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести и Управувачкиот комитет, а одлуката ја прифатила Владата.

Се прекинуваат сите автобуски линии со Италија и Франција. Се забрануваат и сите масовни собири во цела држава во следните 30 дена. Се воведува замоизолација на сите лица кои патувале во ризичните региони во период од 14 дена. Хроничните болни да не се движат и да не користат јавен превоз. Се апелира до сите сите фирми да ги ослоббодат од работа бремените жени.

„Упатуваме препораки од сите органи на државната, локалната самоуправа и приватните компании да ги ослободат бремените жени и хорнично болните. Владините институции  ги прекинуваат сите патувања во странство, во ризичните земји.. Секаде ќе бидат дистрибуирани средства за дезинфекција“, рече Филипче на денешната прес конференција.

Исто така се воведуваат „хелт локатор карти“ за сите авио линии, се забранува организиран јавен превоз во ризичните региони, а се зајакнуваат волонтерите на Црвениот крст на сите гранични премини.

Се забранува извоз на медицинска опрема од домашните економски оператори, кои произведуваат маски, апарати, медицински материјали кои се неопходни во случај на епидемија, освен со посебна дозвола од Министерството за здравство.

„Нема нов докажан случај  на коронавирус. Овие нови мерки се донесе по првиот случај на локална трансмисија кој се однесува на за тројцата заболени од Дебар. На Инфективна клиника се наоѓаат седум пациенти со лесна клиничка форма. На првата пациентка денеска и се прави контролен преглед и ќе се види што понатаму.“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека во овој момент не се размислува за изборниот процес, дополнително ќе се каже за тоа, бидејќи како што рече„не калкулираме со партиски собири и кампања“.

Исто така и ДИК треба да ги ослободи од учесниците на обуки  и тие да бидат заменити со други лица. Во текот на денот ќе биде објавена листа на дерматовенеролози на кои пациентите може да им се обратат ако имаат проблем.

Засега 100 тина лица се наоѓаат во изолација што присутвувале на симпозиуомот. Полициско обезбедување има само каде што има потреба, а епидемиолозите се во комунакикација со сите.

Во однос на тестовите кои ги нудат приватните болници, Филипче нагласи дека тие се прават во Институт за јавно здравје и смета дека тестирање треба да се прави само таму, за да се избегне конфузија во резулатите.

Во однос на матурантите ќе се разговара за форма за скратување на програмата или за он -лајн настава, како што рече за таа мерка дополнително ќе се одлучува.

Филипче рече дека капацитетите на Инфективна клиника се подготвени доколку има потреба,  има 8 боксови со апарати за дишење. Досега нема пациенти на интензивна нега, се набавуваат уште два нови апарати и дополнителни уште пет во следниот период. Клиникат има можност за доволно болнички кревети, ослободено е едно крило и се планира понатаму кои капацитети ќе се користат и како, рече Филипче.

Translate »